Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Почнува пеколот, се ближи 40-ка

Метео: Почнува пеколот, се ближи 40-ка

Време е за најава за вистински летни горештини и токму за тоа ќе послужи денешниот ден со температури кои ќе достигнат максимални 36 степени што укажува дека наскоро ќе ја престигнеме и 40-ка за уште пожешко време.
Утрото исто така ќе биде доста топло веќе со над 20 степени, додека пак попладне има најава за мала привремена облачност која секако нема да го засени силното сонце, па затоа не се задржувајте премногу на отворено.