HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Облачност и ветер, но во подносливи граници

Метео: Облачност и ветер, но во подносливи граници

promenlivo vreme

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во утринските часови по одделни котлини со појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 19 степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има во понеделник и вторник. До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла по одделни котлини.

Во среда кон крајот на денот под влијание на студена воздушна маса ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и опаѓање на температурата во следните денови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com