Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Не очекува ветровит, студен и сончев ден, следува благо затоплување

МЕТЕО: Не очекува ветровит, студен и сончев ден, следува благо затоплување

На повисоките места, пред се во источниот регион утрово и претпладне ќе биде релативно сончево. Во текот на денот постепено ќе се зголемува облачноста, па во попладневните часови очекуваме речиси насекаде низ земјава облачно време. Магла низ котлините, но релативно слаба, може да се очекува ова утро, но краткотрајна.

Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер.
Минималната температура нема многу да се разликува во однос на среда, но затоа ќе има осетен пад на температурата, пред се на повисоките места.
Максималната температура ќе биде од 4°С до 7°С, односно до 10°С во гевгелискиот регион.
На повисоките места само до 3°С.

Во Скопје утрово имаме сосема слаба магла, а ни следува наоблачување. Минимална температура околу 1°С, а максимална до 5°С.

Снег оваа година, а најверојатно и оваа зима ќе може да видиме само на планините. Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, следи благо зголемување на температурите.
Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе имаме температури од 10 степени под нулата, а во главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 степени во Скопје а во појужните делови и до 15 степени.