Monday, Dec 18, 2017
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Намалување на облачноста и прогноза за деновите кои следуваат!

МЕТЕО: Намалување на облачноста и прогноза за деновите кои следуваат!

Утринскава делумно зголемената облачност услови и малку потопло утро, па минималната температура во поголем дел од котлините има вредности околу -2°С.

Во текот на денов се очекува намалување на облачнста, за вечерта да биде претежно ведра низ земјава.
Ќе дува слаб ветер.
Максималната температура во котлините од северниот и западниот регион ќе има вредности во границите од 4°С до 6°С, додека во југоисточниот крај од 7°С до 9°С.

Скопје очекува умерена облачност рано наутро, а истата ќе се намалува во текот на денот. Навечер облачноста нагло ќе се намали. Дневниот температурен од ќе започне од минимални -3°С, а максимумот нема да надмине 5°С.

Во однос на наредните денови:

Се повеќе е јасно дека до крајот на годинава речиси и да нема никакви шанси да видиме вистинска зима. Синоптичката ситуација која ќе доминира во наредниов период од 10-12 дена е антициклонална, и истата ќе услови „стационирање“ на потопла воздушна маса над нашите краишта.
Во вакви услови, прогностичките очекувања се релативно топло и суво време, со максимална температура која низ земјава ќе има вредности околу 10°С. Исто така во ваква ситуација реално е да се очекуваат поволни услови за формирање на магла низ котлините и речните долини, додека на повисоките места ќе биде посончево. Значаен ветер во овој период нема да има.
Во периодот околу 28ми декември се очекува промена на времето со заладување и усллови за врнежи, засега со изгледи за снег само на повисоките места. Сепак станува збор за релативно долг период за прецизна прогноза, така што ќе оставиме уште неколку дена за оваа прогноза да се „избистри“ и да имаме нешто појасна слика за тој период. – прогнозира порталот МетеоПро