Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Можно провејување на снег наутро, а потоа пораст на температурите!

МЕТЕО: Можно провејување на снег наутро, а потоа пораст на температурите!

Изминатава вечер провејување на снег имаше низ поголемиот дел од северниот и северозападен дел на Македонија. Денешниот ден, како што најавивме, го започнуваме со локално провејување на снег во северните и северозападни делови на државата. Температурата утрово низ поголемиот дел од котлините има вредности во интервалот од -2°С до -6°С, а на повисоките места околу -8°С. Овие снежни врнежи не се очекува да донесат формирање на значајна снежна покривка, а денот пред нас ќе донесе и „поблаги“ температури во однос на изминатите денови од викендот. Па така, денеска температурата ќе има вредности околу 2°С до 5°С низ котлините, односно околу 7°С во југоисточниот крај. Во текот на попладнето очекуваме постепено разведрување. Врнежите од снег за кои зборувавме единствено на повисоките западни места можно е да бидат со пообилен карактер.

Во Скопје и околината во текот на ноќта провејуваше снег, а денеска очекуваме умерено облачно време со тенденција за разведрување, а во текот на утрото можна е појава на некоја снегулка од скопското небо. Температурите кои ги измери УХМР утрово во 7 часот, покажаа минимални -5°С степени, односно -4°С во Петровец. Максималниот температурен достиг за денеска ќе го имаме во 5-тиот степен целзиусов. Провејувањето на снег во Скопје нема да создаде снежна покривка…

Во следните денови ќе имаме благ, но постојан пораст на максималната дневна температура. Среда, потопла од вторник за околу 3°С. Средината на работната недела ќе ни донесе и умерена до зголемена облачност низ целата држава.

Четврток ни носи за нијанса потопло утро со минимална вредност од околу -2°С. Максималната температура низ котлините ќе има вредност помеѓу 6°С и 9°С, а на југоисток околу 13°С.
Во раните утрински часови во четврток ќе има услови за создавање на котлинска магла, која ќе потрае до претпладне, за потоа истата да се расчисти. На повисоките места се очекува претежно ведро време.

Додека, пак, во петок утрото скоро насекаде низ земјата ќе излезе од температурна негатива и ќе има вредности 2°С над нулата. Слична максимална температура како во четврток ќе се заржи и во петок, односно од 8°С до 13°С…

Благодариме што го избравте „Позитив МЕТЕО“, нашиот тим Ви посакува успешен и пријатен ден! 🙂