Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Малку облаци, потоа ведро небо, но постојано студено!

МЕТЕО: Малку облаци, потоа ведро небо, но постојано студено!

На средината од работната недела, сеуште слободно може да се каже дека имаме прилично студено време во однос на она што досега се навикнавме. Но, моменталните температури не се воопшто екстремни за овој период од годината. Како во текот на изминатите два дена, така и денеска имаме претежно ведро и студено време.

Во северниот дел на нашата држава очекуваме „јасен видик“, односно ведро небо преку целиот ден, додека пак, во јужните делови ќе постои „судир“ на различни воздушни маси, ведро – студена и облачно – потопла. Со оглед на ваквата состојба во јужниот регион ќе постојат и услови за врнежи, но тие претежно ќе бидат позади нашата јужна граница, за потоа во текот на денот облачноста полека да се повлекува и се очекува скоро целосно разведрување.

Утрово, типично за годишното време е студено, но на повисоките места низ државата имаме појава на температурна инверзија што придонесува температурите да се за некој степен повисоки од оние во котлините. Температурите се движат од -8 до -15 степени низ котлините, а на повисоките места и планините до -12°С степени.

Во текот на денот температурите својот максимум ќе го достигнат во третиот, односно 4°С на југоисток, додека најниска дневна температура се очекува да биде 0 степени…

Скопје се буди во прилично студено утро, додека небото над метрополата е во голема мера ведро и јасно. Минималната температура измерена утрово во 7 часот на „Зајчев рид“ е -10°С, додека пак, на патарината „Петровец“ беа измерени -8 степени. Во текот на денешниот ден очекуваме максимален дострел од 3°С степени.

Денот што следува утре ќе биде ден со мала до умерена облачност, но навечер се очекува значително да се наоблачи, со можност за нови снежни врнежи кои ќе продолжат во ноќта кон петок. Засега, нема посериозна најава дека ова ќе бидат значителни снежни врнежи. За веќе во петок попладне се очекува повторно да се разведри.

Тимот на „Метео“ Ви посакува позитивна среда и успешен ден.
Читајте и понатаму „Позитив.МК“!