Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Мали промени во временските фактори над Македонија

МЕТЕО: Мали промени во временските фактори над Македонија

Во текот на денешниов ден очекуваме настапување на зголемена облачност во поголем дел од земјава. Облачноста ќе почне да се зголемува уште во утринските часови со прогресија од север кон југ. Сепак, и покрај наоблачувањето, врнежи нема да има.

Во текот на вечерниот период се очекува облачноста постепено да се намалува.
Утрово е релативно студено. Низ котлините минималната температура има вредности околу -4°С, додека во истиочниот регион околу -7°С.

Дневниот максимум на температурата ќе има вредност во границите од 5°С до 7°С во поголем дел од котлините, околу 3°С на повисоките места и околу 9°С во јужниот тек на Вардар.

Скопје утрово има слаба магла, а претпладне се очекува постепено наоблачување. Минималната температура ќе се движи до -5°С, додека максималната ќе има вредност до 7°С.