Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Магливи утра, студено во котлините, топло на повисоките места!

МЕТЕО: Магливи утра, студено во котлините, топло на повисоките места!

Денеска и утре не очекуваат слични утра на вчерашното, со слаба магла и ниска облачност низ котлините и речните долини, додека истовремено на планините ќе биде ведро.
Претпладне овие два дена ќе има услови за поголемо разведрување, но со шанса локално оваа облачност да се задржи ви поголем дел од денот.

Четрврток и петок се очекува мало наоблачување и на повисоките места, но врнежи не се очекуваат од оваа облачност.

Во однос на температурата, денеска и утре ќе биде потопло на повисоките места, но и во гевгелискиот регион. Иако денешниот празничен ден ќе биде потопол од тој што ни доаѓа утре.
Максималната температура низ котлините ќе има вредност околу 8°С, со услови за нејзин пораст кои ќе зависат од расчистувањето на ниската облачност. На повисоките места максималната температура ќе има вредности околу 12°С, а во гевгелискиот крај околу 17°С.

Во скопскaтa котлина наутро очекуваме магла / ниска облачност. Околу пладне ќе има услови за „пробивање“ на сонце, Навечер повторно ќе биде магливо. Наутро минималната температура ќе има вредности околу 0°С, а преку ден околу 5°С.

Слично ќе биде и во среда, но со вредности пониски за околу 3°С на повисоките места и југоисточниот крај.
Во четврток и петок се очекува пад на температурата, па во поголем дел од котлините таа ќе има вредност помеѓу 8°С и 10°С, а во гевгелискиот регион околу 12°С.