Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Маглата повторно „чука“ на врата!

МЕТЕО: Маглата повторно „чука“ на врата!

meteo za 27

Атмосферското движење на антициклоните ќе го врати сончевото време на повисоките места, но и маглата низ котлините и на пониските места. Маглата повидлива ќе биде наутро, а преку денот претежно ќе се расчистува.
До пладне маглата се очекува да биде претежно расчистена, но ќе остане добро познатиот „замаглен видик“ на атмосферата кој ни е добро познат од пред неколку недели.
Сончевото време ќе биде привилегија само за повисоките места, гевгелиско-дојранскиот крај, како и на охридско-преспанското крајбрежје.

Утрово е студено, но на сосема поинаков начин во однос на минималните температури од пред неколку дена. Денеска минималната температура се движи во границите помеѓу-4°С и 0°С низ котлините, односно околу 2°С во поширокото гевгелиско подрачје.
Во однос на дневниот максимален достиг, се очекува максимална температура која ќе има вредности од 8°С до 11°С низ котлините, но и на повисоките места. Поширокото гевгелиско подрачје очекува натрпосечна јануарска вредност на максималната температура, околу 14°С.

Во Скопје утрово и претпладне ќе има слаба локална магла. Околу пладне се очекува генерално рзведрување, но не и целосно разведрување на атмосферата. Во 7 часот изутрина беа измерени -2°С и 0 степени, а преку ден максимални 8°С.

Претежно вредро време се очекува во наредните неколку дена. Можна е појава на слаба магла низ котлините во четврток наутро. Она што ќе го одбележи овој период, барем до петок, е порастот на температурата.

Ви посакуваме убав ден!


во соработка со Метеопро