Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМЕТЕО: Маглата останува, раслистување дури напладне

МЕТЕО: Маглата останува, раслистување дури напладне

Утринската магла низ котлините наутро останува и во четврток. Очекувањата се дека таа ќе се расчистува доцна претпладне. Попладне ќе биде претежно сончево. Повисоките и планинските места очекуваат ончево време во текот на целиот ден.

Минималната температура ќе има вредностиод -4°С до 0°С низ котлините, односно околу 3°С јужно од Демир Капија.

Се очекува максимална температура повисока од онаа во среда, а ќе има вредности од 11°С до 14°С низ котлините, но и на повисоките места. Поширокото гевгелиско подрачје повторно очекува натрпосечна јануарска вредност на максималната температура, околу 17°С.

Во Скопје наутро и претпладне се очекува локална магла. Околу пладне се очекува разведрување, но повторно не и целосно „избистрување“ на атмосферата. Наутро се очекуваат минимални -2°С, а преку ден максимални 13°С.

Ви посакуваме убав ден!

Извор: Метеопро.мк