Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: „Магла свуда, магла око нас.мп3“, еве ги деталите за денеска!

МЕТЕО: „Магла свуда, магла око нас.мп3“, еве ги деталите за денеска!

Насловот на евегринот на Јосипа Лисац отприлика го опишува очекувањето во однос на претсотјниот ден. Шегата на страна, денот ни започна со магла низ котлините, а сончево време на повисоките места и поширокиот гевгелиски регион. Маглата ќе се задржи низ котлините подолго во текот на претпладнето, додека околу пладне во најголем дел од котлините таа ќе се расчисти, но ќе остане магливата препознатливост
Ветер повторно речиси и воопшто нема да дува во текот на денот.

Низ котлините, заради слојот на ниска облачност максималната температура ќе биде минимална претпладне, но онаму каде ќе успее да се расчисти маглата и облачноста температурата ќе достигне максимуми околу 9°С, на повисоките места и охридско-ресенскиот крај ќе има вредности околу 14°С, а во гевгелискиот крај околу 18°С.

Скопје има погуста магла рано утрово, а потоа слој на ниска облачност, со добри услови за „расчистување“ околу пладне. Минималната температура која ја очекуваме ќе има вредност околу -3°С, додека максималната околу 7°С.

Следете не` и понатаму со позитивни содржини