Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Какво време донесува првиот понеделник годинава?

МЕТЕО: Какво време донесува првиот понеделник годинава?

Првиот понеделник годинава ќе помине во облачно време. Наутро сеуште ќе „провејува“ слаб снег на планините, додека низ котлините е можно сосема на кратко и особено слабо да пророси дожд / дожд мешан со снег. Во глобала, претпладнето ќе биде облачно, но суво.
Попладне може да се очекуваат нови врнежи, но поради јужното влијание, овие врнежи на пониските места ќе бидат од дожд, а снежната граница на повисоките места ќе се поместува нагоре по висина.

Наутро нема да биде особено остудено. Минималната температра воглавно ќе се „држи“ во дијапазонот од -3°С до 0°С во поголем дел од котлините.
Дневната максимална температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 3°С и 5°С,а на повисоките места од 0°С до 2°С. Југоисточниот крај ќе биде потопол, околу 7°С.

Скопје очекува облачно време со усови за слаби врнежи, пред се попладне и околу вечерта. Врнежите би биле претежно од дожд, а во повисокиот дел на скопската котлина дожд мешан со снег. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С, а максималната околу 4°С.

//метеопро