Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Голема дестабилизација на временските прилики

Метео: Голема дестабилизација на временските прилики

Времето денес ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и појава на град.

Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата. Дневната температура ќе се движи од 21 до 31 степен.

Во петок се очекува стабилизирање на атмосферата и услови за појава на краткотраен дожд претежно кон југоистокот. За време на викендот ќе преовладува стабилно време.