Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМЕТЕО: Денеска се очекува нагла промена на временските температури

МЕТЕО: Денеска се очекува нагла промена на временските температури

Утрово се очекува позначително зголемување на облачниот слој, особено во западната половина од земјата. Во северозападниот крај оваа облачност во утринските часови ќе резултира со локални и слаби врнежи од дожд.

Претпладне облачната маса ќе ја „покрие“ земјава, додека врнежите постепено ќе се прошируваат на поголем дел од територијата.

Доцна попладне врнежите ќе бидат поинтензивни во источната половина од земјата, додека навечер тие постепено ќе престануваат, освен во југозападниот крај, каде сеуште слабо ќе „проврнува“.
Попладне на повисоките места овие врнежи ќе бидат од снег, додека навечер снегот полека ќе се спушти и на некои пониски места, но без некои особени услови за формирање на снежна покривка низ низините.

Наутро и претпладне сеуште ќе бидеме под влијание на јужно струење, што ќе услови релативно топло време. Температурата наутро нема да има вредности под 2°С, додека максималната во текот на денот ќе има вредности од 9°С до 12°С во котлините од северниот и западниот крај, односно до 14°С на југоисток.

Поосетен пад на температурата се очекува со почетокот на северниот ветер попладне, а истиот ќе биде умрен, со услови локално да биде и засилен.

Во Скопје ќе биде облачно. Врнежи се очекуваат доцна претпладне и во попладневните часови. Истите ќе бидат од дожд, до можност приквечер во повисоките населени места околу котлината да имаат слаби врнежи од дожд мешан со снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер од пладне се до навечер.
Се очекуваат минимални 4°С, а максимални 10°С.

Позитив.мк Ви посакува убав ден 🙂


со прогнозата помогна МетеоПро