Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Денеска потопло, врнежи сепак ќе има!

МЕТЕО: Денеска потопло, врнежи сепак ќе има!

Денов што ни претстои ќе биде облачен, но не и особено врнежлив. Повремено, околу пладне очекуваме врнежи во крајните западни делови од земјава. Попладне и вечер врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата, а најмала веројатност за истите ќе има во централниот крај. Станува збор за релативно слаби врнежи.

Минималната температра ќе „шета“ во дијапазонот од -3°С до 0°С во поголемиот дел од котлините.
Се очекува да биде потопло во однос на понеделник. Максималната температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 4°С и 6°С. Југоисточниот крај ќе биде потопол, околу 9°С.

Скопје очекува облачно време со усови за слаби врнежи попладне и навечер. Врнежите ќе бидат во форма на дожд. Минималната температура ќе има вредност околу -3°С, а максималната околу 4°С.