Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Денеска последниот топол декемвриски ден, донесуваме и новогодишна прогноза!

МЕТЕО: Денеска последниот топол декемвриски ден, донесуваме и новогодишна прогноза!

Денешниот ден е последниот од серијата напросечно топли декемвриски денови. Започна слично на претходните денови, наутро со слаба магла низ котлините долж повардарието се до Демир Капија, а сончево низ останатите места, особено повисоките. Околу пладне ќе биде ведро низ целата земја. Попладне се очекува постепено наоблачување. Навечер не се очекува формирање на магла.

Утрото ќе биде умерено студено, со минимална температура низ котлините во границите од -1°С до -5°С.

Топло ќе биде преку ден, низ кoтлините со максимална температура околу 11°С, на повисоките места околу 13°С, додека во гевгелиско-дојранскиот крај температурата ќе достигне околу 16°С.

Скопје има умерена магла утрово, а претпладне се очекува разведрување. Околу пладне ќе биде ведро, а попладне се очекува постепено наоблачување. Минималната температура ќе има вредност околу -4°С, додека максималната околу 10°С.

Последните два дена од оваа година ќе донесат значителна и прилично нагла промена на времето. Серијата на топли и сончеви денови ќе ја завршиме во вторник, 29 декември. До тогаш поголеми промени не се очекуваат. Остануваме со температура која низ котлините ќе има максимална вредност околу 11°С, на повисоките места околу 13°С, а во гевгелискиот регион околу 16°С. Понеделник и вторник ќе бидат претежно сончеви денови. Но, од среда работите на метеоролошки план значително ќе се променат. Ќе „потпаднеме“ под продор на значително постудена воздушна маса, која рапидно ќе ја намали температурата. Се очекува пад на температурата за околу 8°С, па во голем дел од земјата во среда максималната температура ќе биде во границите 4°С до 7°С.

Среда ќе биде и претежно облачен ден, но од оваа облачност не се надеваме на некоја значителна количина на врнежи. Ќе ги очекуваме кон крајот на денот, односно во ноќта кон четврток, и тоа пред се во источните и јужните делови од земјата. Изледите се дека во споменатата ноќ снегот ќе се спушти и на висина до околу 400 метри. Сепак, станува збор за релативно мала количина на очекувани врнежи.

Четврток ќе биде уште постуден. Во голем дел од земјава, температурата низ поголемите населени места ќе има вредности околу 0°С. Постепено во четврток околу пладне се очекува разведрување. Во петок, на 1 јануари се очекува претежно ведро време, со прилично ниски утрински температури, кои на традиционално постудените места (пр.малешевијата) ќе се спушти до вредности и под -10°С. Од сабота, температурата ќе бележи постепен пораст. – предвидува МетеоПро.