Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Денес времето малку сончево, а потоа дожд

МЕТЕО: Денес времето малку сончево, а потоа дожд

Петочно, денеска времето ќе започне со тренд на намалување на облачноста, освен долж повардарието каде е можно облачниот слој да се задржи и во овој период, но без врнежи. Попладене се очекува ново наоблачување кое ќе донесе дожд најпрво во западниот регион, а навечер во јужниот и источниот крај. Заради затоплувањето кое ќе биде последица на адвекцијата на топол воздух од југ, границата на врнежи од снег ќе биде повисока од онаа што ја имаше во четврток.

Минималната температура повторно ќе има вредности од 2°С до 5°С, а на повисоките места околу -1°С. Највисоката дневна температура ќе има вредности помеѓу 12°С и 14°С, односно околу 16°С на југоисток. На повисоките места помеѓу 4°С и 7°С.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за повремен дожд доцна попалдне. Наутро се очекува минимална температура околу 3°С, а максимална околу 10°С.
Имајте убав ден, читајте Позитив.мк 🙂

Извор: МетеоПро.мк