HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештини„Меч на Шампионите“ – македонските боксери ќе си ги одмерат силите

„Меч на Шампионите“ – македонските боксери ќе си ги одмерат силите

Македонските боксери ќе си ги одмерат силите на „Меч на Шампионите“. На 15-ти октомври, љубителите на боречките вештини ќе имаат можност да видат спектакуларно боксерско соочување. „Мечот на Шампионите“ ќе се одржи во Факултетот за физичка култура, а е во организација на боксерскиот клуб Аперкат. Мечот стартува во 18 часот.
aperkar-2
Македонија веќе докажа дека има одлични боксери од кои може да се очекуваат големи резултати. Да потсетиме, минатата година дел од имињата кои блеснаа на „Мечот на Шампионите“ се: Гоце Јанески, Осман Демиров, Сандра Ѓоргиева, Мила Ѓоргиева, Хумрет Јонузов, Кристијан Арсов, Шпенд Гафури, Божидар Цветановски, Вилијам Маневски, Ристе Ристов.
mec-na-sampionite
aperkat

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com