HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Metallica“ го објави целиот свој нов албум на „Youtube“

„Metallica“ го објави целиот свој нов албум на „Youtube“

1455090780582efc07c019a089855620_v4_big

Познатиот хеви метал бенд „Metallica“ донесе многу интересна маркетинг одлука објавувајќи го својот нов албум на „Youtube“. Наречен „Hardwired… To Self Destruct“, новиот албум беше објавен на Спотифај, како и на „Youtube“ во 13 различни музички видео-клипови. На овој потег бендот се одлучил најверојатни поради тоа што сепак тие се свесни дека оваа музичка содржина секако ќе заврши на интернет, пренесуваат светските медиуми.

Ова е прв албум на овој состав уште од 2008 година, кој го носи називот „Death Magnetic“. Двата албума беа под продукција на Грег Фиделман. „Metallica“ беше формирана од страна на фронтменот Џејмс Хетфилд и тапанар Ларс Урлих во далечната 1981 година, а бендот во меѓувреме прерасна во еден од највлијателните хеви метал бендови на сите времиња.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com