Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМесто во финалето на Мастерсот во Синсинати за Федерер

Место во финалето на Мастерсот во Синсинати за Федерер

Британецот Енди Мареј не беше пречка за швајцарецот Роже Федерер кој успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Синсинати, победувајќи со 2:0 во сетови (6:4, 7:6).

Првиот гејм за Федерер помина лесно, но Мареј не сакаше да се предаде така лесно и го доведе швајцарецот во ситуација на тај брејк. Федерер го започна седмиот гејм со резултат од 3:1, но Мареј се врати со три последователни поени за 3:4. Крајот го краси делото, па така Федерер со четири последователни освоени поени се избори за конечната победа.

Со овој натпревар се комплетираше финалното дуо помеѓу Федерер и тенискиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, кое ќе се одигра денеска почеток од 20 часот.