Friday, Apr 28, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМесто да и избега на патролата се забил во полицискиот џип

Место да и избега на патролата се забил во полицискиот џип

policija soobrakajna

Несреќата се случила ноќеска околу 02:00 часот на регионалниот пат Куманово – с.Ваксинце, откако Ф.Х. (21) од с.Студеничани, скопско, управувајќи „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници, продолжил со движење и удрил во службено возило „Ландровер“, по што удрило и во бетонски столб за пренос на електрична енергија каде и запрело.

По незгодата возачот и сопатникот А.Д. (25) побарале лекарска помош во кумановската болница, каде биле задржани на лекување.