Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМеси осуден на 21 месец затворска казна

Меси осуден на 21 месец затворска казна

Поради затајување на данок судот одлучи дека еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси мора да оди во затвор!

Напаѓачот на „Каталонците“ и неговиот татко, Хорхе Меси се обвинети дека во 2007, 2008 и 2009 затаиле данок од 4,1 милиони евра на приходите од имиџ правата на фудбалерот.

Но, бидејќи казната е пократка од две години, а ниту Лионел Меси ниту неговиот татко немаат криминално досие, нема да одлежат ниту ден в затвор.

Семејството избегнувало да плати данок за парите добиени од правата на сликите на фудбалерот, со што заработил над 4 милиони евра , но судот во Каталонија, Шпанија, за двајцата пресуди казна од 21 месец.