HomeДЕНЕШНАСветМеркел: Сите опции се во игра, па дури и санкции против Русија

Меркел: Сите опции се во игра, па дури и санкции против Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави, воочи утрешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во врска со Сирија, дека ниту една опција не може да биде исклучена, па дури и нивната опција да ја санкционираат Русија. Ангела Меркел истакна дека хуманитарната ситуација во Сирија е катастрофална и додаде: „Во однос на актуелната состојба, верувам дека ниту една опција, па така ниту опцијата санкција не може да биде исклучена“.

„Но приоритет мора да биде ублажувањето на болката на цивилите. Околу тоа ќе се разговара и утре. Меѓутоа, не треба да се очекуваат чуда“, истакна канцеларката. Меркел наведе дека заедно со претседателот на Франција Франсоа Оланд ќе разговара со Путин во врска со Сирија, откако прво ќе одржат состанок со претседателот на Украина Петар Прошенко во Берлин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com