Thursday, May 28, 2020
HomeДЕНЕШНАСветМеркел незадоволна од расправата за климата на самитот на Г-7 во Таормина

Меркел незадоволна од расправата за климата на самитот на Г-7 во Таормина

MERKEL 1

Германската канцеларка Ангела Меркел разговорите на самитот на Г-7 за прашањето на климатските промени ги оцени како „незадоволителни“, пренесоа светските агенции.

„Имаме ситуација на „шестмина, а заедно со ЕУ и седуммина, против еден“, која значи дека се уште не е јасно дали САД ќе останат во Парискиот договор за климата“ – посочи таа.

Според неа, лидерите на седумте водечки светски сили на средбата во Сицилија имале „разумни“ дискусии за трговијата и се договориле да се спротивстават на протекционизмот.