HomeДЕНЕШНАСветМеркел не се откажува, ќе се кандидира за четвртиот мандат

Меркел не се откажува, ќе се кандидира за четвртиот мандат

angela merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде во трката за четвртиот мандат, изјави вчера за американската телевизиска мрежа CNN, влијателниот член на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU), Норберт Ротген – пренесува Макфакс.

Во интервјуто за CNN, Норберт Ротген, кој е претседател на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, вели дека Ангела Меркел, како одговорен политичар, повторно ќе се кандидира за функцијата канцелар на Германија, за да се „сочуваат западните вредности“.

„Ќе се натпреварува за канцеларка и апсолутно е решителна, има желба и подготвена да придонесе за јакнење на меѓународниот либерален поредок“, вели Ротген,

Меркел, соочена со острите критики поради својата политика на отворени граници за барателите на азил и пристигнувањето на земјата над 900.000 имигранти во текот на минатата 2015 година, претходно рече дека одлуката за новиот мандат ќе ја донесе во „благовремено“.

Таа е под притисок и од сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU) поради својата имигрантска политика, која се смета за главна причина што CDU минатите месеци претрпе болни порази на изборите во сојузните покраини Мекленбург-Западна Померанија, Берлин…

„Канцеларката е камен темелник на политичкиот концепт на Западот, дејствувајќи како глобален играч. Ќе се натпреварува како одговорен лидер“, порача Ротген. Тој, исто така, ги повика западните земји, во прв ред САД, да ѝ дадат поддршка на Меркел.

Во своето писмо упатено до новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел побара од него соработка којашто треба да се базира на заедничките вредности на двете земји, потсетува CNN.

Се очекува Меркел, исто така, дека ќе се кандидира за уште еден двогодишен мандат на водечката позиција во CDU на партиската конвенција во декември, но тоа може да го стори само ако е и кандидат за канцелар.

На канцеларската должност таа е од 2005 година, и во моментов Меркел ја предводи ткн големата коалициска влада со партијата од левиот центар Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Доколку освои уште еден мандат, би можела да го надмине досегашниот рекорд кој го постави Хелумт Кол, кој таа должност ја извршуваше 16 години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com