HomeДЕНЕШНАСветМеркел: Направете се за воведување на примирје во Сирија

Меркел: Направете се за воведување на примирје во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да биде направено се што е возможно да се направи за во Сирија да се примени примирје. Меѓутоа, таа истакна дека не е сигурна дека може да биде воведена зона за забрана на летовите во таа земја. Мерлин за новинарите во Берлин изјави дека настаните од претходните денови претставуваат „голем неуспех“. „Она што моментално го гледаме на терен е многу брутално со убивање на многу цивили“, вели Меркел.

Сирискиот град Алеп минатата седмица беше мета на напади на најсилните воздушни напади од почетокот на војната, а сириската војска денес ја презема контролата над квартот во центарот на градот, блиску до Стариот град и историската тврдина. „Скептична сум дека во моменталната состојба можеме веднаш да воведеме зона за забрана на летови“, изјави Меркел.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com