Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМеркел на балканска турнеа го заобиколува Скопје

Меркел на балканска турнеа го заобиколува Скопје

Со официјалната посета на Тирана, која се случува денеска, германската канцеларка Ангела Меркел ја почнува дводневната посета на Западен Балкан. Меркел од Тирана ќе оди во Белград па во Сараево, но на нејзината агенда не се наоѓа Скопје.

Предвидено е таа да се сретне со премиерите на овие земји со кои, според најавите, ќе разговара за билатералните односи и енергетските прашања. Во Сараево, пак, Меркел ќе ја посети и изложбата, посветена на масакрот во Сребреница во 1995 година, соопштуваат од нејзиниот кабинет.

За безбедноста ќе се грижат над 1.500 полициски службеници од сите сектори, припадници на гардата, а албанската метропола ќе биде надлетувана од полициски хеликоптери. Мерките се идентични како оние за време на посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ и на Папата Франциско на 22 септември, минатаа година.

Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети канцеларот Герхард Шредел, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу Сојузна Република Германија и Албанија. Во Македонија од независноста досега ниту еднаш во посета не дошол германски канцелар.