Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМеркел ја завршува турнеата низ Балканот – последна дестинација e Сараево

Меркел ја завршува турнеата низ Балканот – последна дестинација e Сараево

Германската канцеларка Ангела Меркел  со прва  официјална посета на Босна и Херцеговина денеска ја завршува тридневната турнеа низ Балканот .

Според најавите Меркел во Сараево ќе биде пречекана  од страна на претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а потоа ќе се сретне и со членовите на Претседателството на БиХ.

Германската канцеларка предвидено е да ја посети изложбата во Галеријата „11/07/1995“ и да се сретне со претставничките на Здружението „Мајки на Сребреница“.

Меркел претходно ги посети Тирана и Белград