Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМеркел: Излегувањето на Британија е голем удар за Европа и нејзиното обединување

Меркел: Излегувањето на Британија е голем удар за Европа и нејзиното обединување

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија претставува голем удар за Европа и нејзиното обединување и дека членките на ЕУ само заедно можат да ги зацврстат своите односи. Ангела Меркел оцени дека одлуката на Британија да излезе од ЕУ може да влијае на меѓусебниот однос на другите земји во Унијата, но и ги предупреди земјите членки да не извлекуваат исхитрени заклучоци во врска со таа одлука бидејќи тоа доведува до ризик за понатамошна поделба на Европа.

По повод Брегзит реагираа бројни функционери од Брисел, Европа и меѓунардоните организации.

„Тоа што ќе има последици зависи од тоа дали ние- останатите 27 земји членки на Унијата ќе докажеме дека имаме добра воља и способност да не извлекуваме брзоплети и прости заклучоци од референдумот кој се одржа во Британија, бидејќи такво нешто ќе доведе до само понатамошна поделба на Евроопа“, изјави Меркел.