Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМеркел: Европската Унија се наоѓа во критична состојба

Меркел: Европската Унија се наоѓа во критична состојба

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека Европската Унија се соочува со „критична ситуација“. „Се наоѓаме во критична ситуација. Мораме со сопствени акции да покажеме дека можеме да бидеме подобри“, изјави Меркел за новинарите по доаѓањето на самитот на ЕУ во Братислава.

Таа истакнала дека Европската Унија мора да ја подобри својата безбедност во внатрешните и надворешните делови, во борбата против тероризмот и соработката на полето на одбрана. Во Братислава се одржува неформален, но исклучително значаен самит на кој најмногу ќе се разговара околу иднината на Европската Унија без Обединететот Кралство.