HomeДЕНЕШНАСветМеркел ја повика Русија да стави крај на насилството во Алеп

Меркел ја повика Русија да стави крај на насилството во Алеп

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше дека е до Русија да стави крај, на како што го нарече „ужасното“ насилство во сирискиот град Алеп наведувајќи дека Москва има големо влијание врз владата во Сирија. Меркел изјави дека во меѓународното право нема место за бомбардирање на болници и дека Москва треба да помогне во спречувањето на насилството во Сирија.

germania

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт исто така изјави дека германската влада побарала од Русија и Иран како земји кои го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал Асад да го употребат своето влијание и да спречат ескалација на насилство во Сирија, како и да дозволат испраќање на хуманитарна помош на цивилите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com