Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамMercedes со апликација за автоматско паркирање

Mercedes со апликација за автоматско паркирање

Германскиот производител креираше нов систем со полуавтоматско паркирање на автомобилот, кој ќе биде достапен кај следната генерација на Mercedes-Benz Е класата. Remote Parking Pilot системот ќе биде од голема помош во ситуација со тесен простор за паркирање. Со апликацијата на вашиот смартфон ќе може да управувате со возилото кон напред и кон назад, колку што ќе ви биде потребно за да го паркирате автомобилот или да излезе од паркинг просторот.

Се уште не се познати сите спецификации за новиот Е модел на Mercedes-Benz, а познато е само дека ќе има повеќе верзии со 4, 6 и 8-цилиндарски мотори, со моќност од 315 коњски сили (6 цилиндри) и 125 коњски сили (4 цилиндри).

Oваа иновација ќе може да ја користите идната година кога ќе излезе новиот Mercedes-Benz автомобил со Remote Parking Pilot системот, па се надеваме дека оваа технологија ќе пристигне и кај останатите брендови кои работат на развој на слични проекти.

 

Извор: telefoni.mk