Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамMercedes го „претрка“ BMW

Mercedes го „претрка“ BMW

https://14415-presscdn-0-52-pagely.netdna-ssl.com/wp-content/uploads/2015/06/BMWvsBenz.jpg

Mercedes-Benz му бега сé подалеку на конкурентот BMW во продажбата на возила од повисоките класи. Според резултатите што ги објави марката од Минхен, BMW во април продал за 1,1 процент повеќе возила отколку во истиот месец лани. Тоа можеше да биде одлична вест, доколку во исто време и Mercedes не ја објавеше статистиката во којашто продажбата на марката со сребрената ѕвезда пораснала за речиси десетпати повеќе, за 10,8 проценти.BMW во тековната година продал 629.326 возила, додека Mercedes за истиот период има реализирано 647.550 продажби.

Од BMW го признаваат поразот на продажбата, но не се предаваат. Шефот Шаралд Кригер очекува дека неговата марка ќе постигне поголем пораст од конкурентот во втората половина од годинава, кога новите модели во понудата на BMW би требало да постигнат поголем ефект во продажбата. Во првите четири месеци од годинава, баварската групација продала за 4,9 проценти повеќе возила отколку во истиот период лани, вклучувајќи ја и продажбата на марката Mini.