HomeДЕНЕШНАСвет„Mercedes-Benz“ претстави „вселенски“ градски автобус!

„Mercedes-Benz“ претстави „вселенски“ градски автобус!

Германскиот произведувач на луксузни автомобили „Mercedes-Benz“ го претстави својот модел на „автобус на иднината“, кој, практично, сам ги планира своите патувања, штеди бензин и ги полни мобилните телефони. „Future Bus“, долг 12 метри, со неверојатно простран изглед, е опремен со многубројни камери, како и со радар со мрежа од околу 200 метра овозможувајќи визуелизација на опасностите на патот во три-де технологија, а е наменет за патувања од околу 20 километри.

Користејќи ја најмодерната технологија компанијата „Градски пилот“, смета дека со ова возило ќе биде овозможено глатко, прекрасно и енергетски ефикасно возење, што очигледно, ги претставува квалитетите кои денешните автобуси не ги поседуваат.

avtobus na idninata

avtobus na idninata 2

Иако најавата претставува ветувачка перспектива, сепак се верува дека ќе помине извесен период за ваквата врста на превозно средство биде вклучена во сообраќајот, иако, како што се верува, овој автобус би овозможил побрзо, посигурно и поудобно движење на луѓето.

avtobus na idninata 3

avtobus na idninata 4

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com