Monday, Apr 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМенаџерот потврди: Лоран Блан заминува од ПСЖ

Менаџерот потврди: Лоран Блан заминува од ПСЖ

Loran Blan

Менаџерот на тренерот на ПСЖ Лоран Блан, Жан Пјер Берне, потврдил дека неговиот клиент до крајот на неделата ќе го напушти клубот, иако во февруари потпиша нов двегодишен договор и бидејќи се одлучил да не го исполни, сеуште не е јасно дали и каква казна ќе треба да плати.

– До крајот на оваа недела, Блан и ПСЖ ќе ја завршат соработката, – изјавил Берне за радиото „Europe 1“.

На чело на тимот, тој освои три титули, два купа на земјата, две Лига купови и три Суперкупа, но не успеа да го изведе ПСЖ до врвот во Европа.

Француските медиуми шпекулираат дека Блан заминува бидејќи претседателот на клубот сезоната ја оценил како неуспешна.