Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈМенаџерката на Шумахер: Михаел е во многу тешка состојба

Менаџерката на Шумахер: Михаел е во многу тешка состојба

По повеќемесечниот молк околу состојбата на Михаел Шумахер, конечно со кратка изјава се јави неговата официјална портпаролка, Сабине Кем. Иако не откри дополнителни детали, Кем потенцираше дека состојбата на Ф-1 легендата е многу тешка.

Сабине не смее да објавува премногу информации, бидејќи сака да ја почитува приватноста на семејството Шумахер, пишува „Келнер експрес“.

„Морате да прифатите дека семејството сака да го заштити Михаел. Тој нема да исчезне, но ситуацијата е исклучително тешка и поради тоа мора да има повеќе приватност и мора да го има вашето разбирање“, изјави Кен за медиумите.

Шумахер несреќата ја доживеа во Мерибел, на 29 декември 2013 година, кога при пад од скијање со главата удрил во камен. По несреќата веднаш беше префрлен во клиниката во Гренобл, каде му беше извршена операција, а потоа шест месеци беше во кома.