Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМемети: Назадува соработката на институциите со канцеларијата на Омбудсманот

Мемети: Назадува соработката на институциите со канцеларијата на Омбудсманот

Презентирајќи го годишниот извештај, Народниот правобранител Иџет Мехмети соопшти дека нема никаков напредок, туку споредено со 2016 година има стагнација и назадување во однос на соработката на институциите со канцеларијата на Омбудсманот.

Мемети истана дека и се уште имаме исполитизирани и нефункционални институции кои спроведувале и партиски агенди и оти се почести се поплаките за проектот „Мој Термин“, која како што рече, создал хаос во јавното здравство.

– Поради попречувањата во работата од страна на Министерството за труд и социјална политика, Здравство, МВР, Министерството за правда и УЈП, Омбудсманот не успеа да спроведе целосни постапки за заштита на правата на граѓаните, рече Мемети.

Тој истакна дека затворениците се уште престојуваат во крајно нехумани и нечовечки услови, ускратено им е правото на здравствена заштита, а забележана е прекумерна употреба на сила на затворската полиција, како и полициска бруталност најистакната за време на протестите на Шарената револуција.

Народниот правобранител минатата година постапил по 4.718 случаи од примени биле 3.775 претставки а 37 биле отворени по сопствена иницијатива.