HomeДЕНЕШНАРегионМелани Трамп се заканува со тужба за словенечки слаткарници – го користеле нејзиното име

Мелани Трамп се заканува со тужба за словенечки слаткарници – го користеле нејзиното име

melanija

Откако Доналд Трамп победил на изборите за претседател на САД, популарноста на неговата сопруга Меланија скокнала до небо во Словенија, каде идната прва дама на САД била родена и пораснала како Меланија Кнавс. Тоа посебно се почувствувало во родното место на Меланија, Севница каде нејзиното име и лик може да се најде на речиси секој можен производ, од тегли со мед, па до торти, што е разбирливо со оглед на потенцијалната заработка која им ја носат новинарите и туристите кои дошле во ова мало место, кое не брои ни 5.000 жители.
melania-3
Но, изгледа дека времето на мед и млеко за Севница е при крај, пишува порталот Politico. Имено, првата дама на САД ангажирала локална адвокатска канцеларија која ги предупредила луѓето дека нејзиното име и лик не смее да се користат во комерцијални цели без дозвола.

Адвокатите од “Пирц Мусар и Партнерите” објавиле изјава во која стои дека користењето на лицето на Меланија по рекламите во Севница, но и на другите места, е кршење на правото на интелектуална сопственост според словенските прописи, пишува Politico.
melanija-1
“Тука станува збор за неприлична финансиска експлоатација и кршење на лични права. Засега не сме започнале ниедна постапка, бидејќи прво сакавме да ја предупредиме јавноста и се надеваме дека тоа ќе го даде саканиот ефект”, рекла директорката на “Пирц Мусар и Партнерите”, Наташа Пирц Мусар.

Локалните претприемници не изгледаат премногу вознемирени поради заканите за тужбите, па така сопственикот на пицеријата “Рондо”, Бруно Видмар, истакнува дека бизнисот му пораснал за 20 проценти по завршувањето на американските избори, што делумно го препишува на новиот десет на менито, наречен Меланија.
melanija-4
“Ние први дојдовме до таа идеја и по објавата на социјалните мрежи многу новинари дојдоа во нашиот ресторан”, вели Видмар, кој додал дека се консултирал со адвокат пред да го стави десертот на менито. “Додека не користиме нејзина фотографија, во ред е”, вели Видмар.

Од друга страна, братучетката на Бруно Видмар, Нуша Видмар, во својата пекара го продава колачот “Меланија”, со кој сака да и оддаде почит на првата дама, како што му кажала на новинарот Гашпер Завршник. “Доколку Меланија смета дека тортата е навредлива, ќе ја отстраниме од менито”, рекла таа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com