HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМексико: Фудбалер усмртил судија поради црвен картон

Мексико: Фудбалер усмртил судија поради црвен картон

20160807-857

Ужасен инцидент се слули на фудбалски натпревар во Мексико, имено фудбалер усмрти судија бидејќи му покажал црвен картон. Убиецот Рубен Васкез, член на мексикански нисколигаш е во бегство.Трагичниот настан се случил на натпреварот меѓу Амигос дел Балон и АВОЛ. Судијата Виктор Трехо му покажал црвен картон на еден играч, кој незадоволен од одлуката го удрил со глава по лицето.

56-годишниот судија паднал на земја, престанал да дише, веднаш интервенирала медицинска екипа, но несреќниот Трехо набргу починал. Веднаш по настанот фудбалерот убиец избегал од местото на настанот, а полицијата трага по него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com