Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМексиканските власти објавија снимка од бегството на најмоќниот нарко-бос

Мексиканските власти објавија снимка од бегството на најмоќниот нарко-бос

Мексиканската влада објави снимка бегството на кралот на дрогата Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо. Тој, во саботата навечер избега од строго чуваниот затвор „Атиплано“, што му е второ бегство во последните 14 години.

На видеото се гледа како Ел Чапо шета горе-долу низ ќелијата, гледа зад ѕидот што го одделува тушот од собата, потоа седнува на кревет и на крај клекнува и исчезнува од зад ѕидот. Ѕидот го блокирал погледот на половина метар од широката дупка што води кон тунелот.

Се претпоставува дека најновото бегство на нарко-босот, еден од најмоќните во светот, бил можен единствено со соучесништво на некој од власта, рекол министерот за внатрешни работи. Мексиканската влада одлучи да ја зголеми наградата за информацијата што би довела до апсење на кралот на дрогата на 3,8 американски долари, додека САД понуди пет милиони долари.

Речиси сите нарко-босови се затворени во „Атиплано“. Се смета дека 58-годишниот Гузман управува со моќниот картел Синалоа кој водеше крвава борба со вооружените сили и противничките картели, меѓу кои и со Зетас. Повеќе од 80.000 луѓе се убиени од 2006 година во насилствата во Мексико поврзани со трговијата на дрога.

Дојче Веле оценува дека неговото апсење требаше да покаже дека Мексико е правна држава. Сега моќниот наркобос Ел Чапо е во бегство, што докажува дека во земјата владее бескрајна корупција.