Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМексиканскиот претседател дипломирал со плагијат

Мексиканскиот претседател дипломирал со плагијат

Панамериканскиот универзитет го отвори срамот за мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието дека во 1991 година тој добил диплома за завршен правен факултет иако во својот дипломски труд копирал текстови и идеи, без да ги цитира нивните автори.

Универзитетот ја информира јавноста дека погрешното повикување на текстовите од Пења Нието не е во спротивност со неговите тогашни актуелни одредби за работа.

Во соопштението на оваа високошколска установа не се употребува зборот плагијат, но се признава дека „дипломската работа вклучувала користење на делови од текстови на други автори без тие да бидат цитирани со белешка во фуснота или во списокот со користена литература“.

Универзитетот дополнува дека претседателот, сепак, цитирал други материјали, иако понекогаш и нејасно.

Универзитетот напоменува дека сега има построги правила, но забележува дека „тие не се применуваат кон поранешни студенти, а ова е стар случај за кој не можат да бидат преземени мерки“.

Минатата недела сајтот „Аристеги нотисиас“ (Aristegui Noticias) соопшти дека 29 проценти од дипломската работа на Пења Нието, вклучувајќи и 20 параграфи од книгата на поранешниот претседател Мигел дела Мадрид, биле плагијат од други трудови.