Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМекинро: Новак може да биде најголем во историјата

Мекинро: Новак може да биде најголем во историјата

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро верува дека Новак Ѓоковиќ може да стане најдобар тенисер во историјата. Мекинро сепак истакнува дека Ѓоковиќ уште нема напаѓачка игра како Нада и Федерер и додава дека српскиот тенисер е совршен амбасадор на тенисот.

„Новак се уште нема димензија како Федерер и Надал иако веќе сега е најдобриот дефанзивец во историјата. Многу ја поправи напаѓачката игра. Ако не се повредува ќе доминира во тенисот уште многу години“, изјави Мекинро. Тој додаде дека Новак е одличен амбасадор на тенисот и истакнува дека српскиот тенисер може да биде најголем во историјата.

„Да, Ѓоковиќ може да биде најголемиот фудбалер во историјата еден ден ако продолжи да напредува. Ѓоковиќ е машина. Исто така, има одлична харизма. Тој е совршен амбасадор на овој спорт“, додаде Мекинро.