Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМекартни за малку ќе ја напуштел музиката после распадот на „Битлси“

Мекартни за малку ќе ја напуштел музиката после распадот на „Битлси“

Поранешниот член на ливерпулската четворка, Пол Мекартни, според сопствено признание, бил многу депресивен после распаѓањето на бендот, па дури размислувал и да се откаже од музиката. „Беше тешко да се знае што би работел после „Битлси“. Како да продолжите после тоа?“, раскажува Пол Мекартни. Поранешниот член на „Битлси“ изјавил дека се разделувал од своите долгогодишни пријатели и бил депресивен.

Членовите на ливерпулската четворка официјално се разделија во 1970 година со објавувањето на песната „Let It Be“, но несогласувањата помеѓу нив започнале една година пред тоа, кога Алан Клајн стана нов менаџер на бендот, а тоа не му се допаѓало на Пол Мекартни.

The beatles

The beatles

Познатиот бенд од Ливерпул, чии членови биле Џон Ленон, Пол Мекартни, Ринго Стар и Џорџ Харисон, кои предизвикаа револуција во светот на рок и поп музиката, комерцијално се најпопуларниот бенд на светот со само неколку години работа (1962-1970).

„Битлси“ останаа да бидат исклучително популарни и после распаѓањето, како група која оставила длабок белег во историјата на музиката. Легендарниот бенд има објавено вкупно 12 албуми.