Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМеј: Нема да бараме излегување од ЕУ до крајот на оваа година

Меј: Нема да бараме излегување од ЕУ до крајот на оваа година

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Британија нема да бара излегување од Европската Унија пред крајот на 2016 година, бидејќи треба да испланира, како што наведе таа, добро организирано излегување од Унијата. „Нема да го активираме членот 50 додека нашите цели не бидат јасни, токму поради тоа кажав дека тоа нема да се случи пред крајот на оваа година“, изјави Меј на заедничката конференција за новинари со германската канцеларка Ангела Меркел.

Mej i Merkel

Со активирањето на членот 50 ќе се започне формалниот механизам на ЕУ за излегување од тој блок, објанува француската агенција. Британската премиерка моментално се наоѓа во посета на Берлин каде е и сместена, што всушност претставува нејзино прво патување во некоја друга земја откако ја презема функцијата премиер на Велика Британија минатата недела.