Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМехмедовиќ: Веднаш да одбереме реформска влада за има евтини лекови за сите граѓани

Мехмедовиќ: Веднаш да одбереме реформска влада за има евтини лекови за сите граѓани

СДСМ повторно побара  деблокада на институциите за понатаму да веќе да не се загрозува здравјето на граѓаните, особено за достапноста на аптеките во текот на целиот месец за болните лица да не остануваат без својата терапија.

– Знаат граѓаните дека одговорот што го добиваат во аптеките по 15-ти во месецот кога имаат потреба од лек е: “Нема, се потроши“. Родителите се принудени да купат сируп од 500 денари што го нема на рецепт, затоа што на болното дете дома мораат да му однесат лек. Најстрашното е тоа што голем број деца и граѓани остануваат без лекови, затоа што семејствата немаат пари да ги платат приватно.

Релевантното истражување за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс покажува фрапантен податок. Погледнете: 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните, а само 25 проценти на товар од Фондот за здравство. Македонија е меѓу последните 4 земји во Европа каде државата најмалку субвенционира лекови за своите граѓани.

Ова на граѓаните на Македонија им го направија несовесните и неодговорни тендер политики на Никола Груевски и Никола Тодоров, кои се интересираат само за пари во нивните џебови, а не и за здравјето на граѓаните, рече Мехмедовиќ од СДСМ.