Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеѓународниот фактор повторно побара целосно укинување на аболицијата

Меѓународниот фактор повторно побара целосно укинување на аболицијата

Претседателот Иванов имаше можност веднаш да ја подобри политичката клима но, се одлучи за уште една лоша и неразбирлива одлука со која аболицијата ја повлече само за половина од осомничените политичари. Во својот говор посочи дека го обвинувале за селективна правда и дека тоа не му било намерата, но иронично аболицијата ја повлече за само 22 политичари.

Затоа климата на политички судири и незадоволство продолжува, а нетрпение изразува и меѓународниот фактор кој повторно силно порача дека аболицијата мора да се повлече целосно за сите и правдата да биде едаква.

„Како што кажавме минатата недела, делумно или селективно повлекување на помилувањата го зголемува растечкото чувство на неказнивост во земјата и спречува Македонија да напредува кон своите најважни цели, вклучително и кон НАТО и Европската Унија. Македонија мора целосно да одговори на ова прашање”, пишува американската амбасада. Сличен е ставот и на Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ.

Иванов објасни дека останатите лица кои останаа на листата на аболирани имаат законска можност да поднесат барање за нејзино повлекување, но едноставно нема потреба од дополнително комплицирање на состојбата.