Thursday, Apr 18, 2024
HomeСТУДЕНТУММеѓународен студентски конкурс за плакат – Скопјепостер

Меѓународен студентски конкурс за плакат – Скопјепостер

Драги талентирани дизајнери, отворено е осмото издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат – Скопјепостер, на кое ќе имате можност да работите на плакати со пораки на тема „Сите за луѓето со хендикеп“.

Задачата е да се отсликува овој проблем и да се промовираат еднаквите права и обврски на сите луѓе со посебни потреби, борба против дискриминацијата и еднаквоста. Понатаму, неопходно е да промовираат условите за живеење на овие луѓе, да се идентификуваат алтернативите за надминување на овој проблем и да се создаде поотворено општество.

Рокот за поднесување на постерите е до 15. ноември оваа година. Победниците на првите два постера ќе бидат наградени со учество во жири селекцијата за наредниот Скопјепостер фестивал, ICOGRADA сертификат, како и организирана изложба на плакатите во 2016 година.