Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеѓу демонстрантите во Собрание забележан и телохранител на Мијалков

Меѓу демонстрантите во Собрание забележан и телохранител на Мијалков

На површина испливуваат се поголем број на актуелни или поранешни припадници на безбедносните структури, како и личности поврзани на различни начини со функционери на ВМРО-ДПМНЕ или нејзините коалициони партнери благодарение на фотографиите и видео снимки направени за време на упадот во Собранието на Република Македонија.

Сега забележан е и поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, кој се наоѓа заедно со толпата на внатрешните скали од Собранието, по што се гледа дека се упатува нагоре кон прес салата на Собрание.

Засега нема информации дали и тој е идентификуван од страна на МВР и дали ќе биде повикан на распот за да се утврди неговата инволвираност во големите инциденти.