HomeДЕНЕШНАПолитикаМеѓународна заедница: На СЈО да му се овозможи да спроведе целосна истрага

Меѓународна заедница: На СЈО да му се овозможи да спроведе целосна истрага

katica-sjo

Специјалната обвинителка мора да спроведе целосна истрага, без одлагања и опструкции. Владините институции и политичките партии треба да соработуваат во овие процеси- согласно договорот од Пржино. Тоа е клучен чекор за излез од политичката криза, како и за членство во ЕУ и НАТО- се вели во реакцијата на Американската амбасада во Скопје, во врска со претресот на СЈО во УБК.

На сличен став е и делегацијата на ЕУ во земјава. Тие ги повикаа сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство.

За случувањата во УБК со реакција се јави и Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Герет. Никој не треба да и застанува на патот на оваа важна работа бидејќи ако овие наводи не бидат соодветно истражени, не може да има одржлива разврска на политичката криза – посочи Герет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com