HomeДЕНЕШНАРепубликаМеѓународен ден на детето: Правата на милиони деца се кршат секој ден

Меѓународен ден на детето: Правата на милиони деца се кршат секој ден

deca

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на детето – 20 Ноември. По тој повод ќе се одржи крводарителска акција во фоајето на Театар комедија, организирана во соработка со Црвен крст, како и хуманитарен настан „Сите сме суперхерои“ во Јавна соба, во организација на Здружението на граѓани „Иновативни Мотиватори – ЈАС СУМ“, во соработка со Здружението за Дислексија „Ајнштајн“ и Центарот за младински активизам „КРИК“.

На хуманитарниот настан, меѓу другото, ќе биде поставена продажна изложба со дела на тема „Биди Суперхерој“, творени од дечиња на Креативна ликовна работилница, реализирана со помош на студенти од Факултетот за ликовна уметност и студенти по дефектологија. Средствата ќе бидат донирани за децата од Детската клиника во Скопје.

– И покрај огромниот напредок остварен за децата од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето (КПД) во 1989 година, правата на милиони деца низ целиот свет секојдневно се повредуваат, истакнува УНИЦЕФ во соопштение по повод Меѓународниот ден на детето.
dete-raka
Канцеларијата на УНИЦЕФ посочува дека во Македонија по ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето во 1991 година, помалку деца умираат пред својот петти роденден, повеќе деца имаат пристап до основно училиште и помалку деца живеат во институции. Сепак, се вели во соопштението, сè уште многу деца доживуваат лишување, стигма и општествена исклученост. Педесет и два отсто од сите деца на возраст од две до четиринаесет години биле жртви на физичко казнување во домот, соопштуваат од УНИЦЕФ.

И покрај значителниот напредок за децата на глобално ниво, наведуваат од УНИЦЕФ, во последните неколку децении, речиси шест милиони деца во светот сè уште умираат секоја година од причини што може да се спречат, а децата од сиромашните домаќинства имаат двапати поголеми шанси да починат пред петтиот роденден во споредба со децата од побогатите домови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com